Стивен Сегал стана член на руска провладина партија

Глумецот Стивен Сегал, кој е специјален пратеник на руското Министерство за надворешни работи, за руско-американски хуманитарни односи, во сабота официјално ќе стане член на руската партија „Праведна Русија – за вистината“.

Таа се занимава со еколошки прашања.

Како што соопшти прес-службата на партијата, претходно Сегал бил член на партијата „За вистината“, а сега е дел и од новата коалиција. Глумецот, меѓутоа, нема намера да се кандидира за пратеник затоа што има и американско државјанство.

Сегал доби руско државјанство во ноември 2016 година. Во октомври 2020 година, Владимир Путин му се заблагодари на Стивен Сегал за учеството во акцијата за зачувувањето на Бајкалскиот омул.

Глумецот го посети Бајкалското Езеро летото 2020 година, па и изрази желба за развој на својот деловен проект, патем проследен и со лекции по боречки вештини за тамошните млади.

Scroll to Top