Стивен Тајлер заврши во болница, па „Аеросмит“ го откажа концертот

Американскиот рок бенд „Аеросмит“ го откажаа концертот во Лас Вегас кој им бил закажан за викендов, откако нивниот фронтмен заврши во болница. Тие му дадоа поддршка и му посакаа брза рехабилитација и враќање на закажаната турнеја. Медиумите пренесоа дека Тајлер не можел да настапи поради мистериозна болест.

„Со големо разочарување сме принудени да го откажеме настапот бидејќи Стивен не се чувствува добро и не може да излезе на сцената“, рекоа од бендот и накратко ги информираа фановите дека очекуваат концертот да се одржи следната недела ако Тејлор се чувствува подобро.

Ова не е првпат бендот да го откаже концертот во Вегас. Претходно ги откажаа во јуни и јули, откако Тајлер беше примен на рехабилитација од дрога. Пејачот со години се бори со зависноста, а неколку пати беше подложен на третмани за рехабилитација и детоксикација.

Последен пат кога повторно ѝ се врати на зависноста е по операција на стапалото, нешто што и јавно го призна, а членовите на бендот му помага во 1988 година, кога првпат направиле заедничка интервенција и го испратиле на рехабилитација.

„Ми требаа години да престанам да им се лутам затоа што потоа ме принудија да се рехабилитирам, па заминаа на одмор“, рече Тејлор во интервју во 2019. година, но додал дека денес им е благодарен за тоа.

 

Scroll to Top