Стотици фанови се собраа на плоштадот во Даблин и ги пееја песните на Шинед О’Конор

Обожавателите на голем собир во Даблин ги пееја најпознатите песни на пејачката Шинед О’Конор која почина минатата недела на 56 години. Во нејзина често феминистичката група Роза собра околу стотици обожаватели на плоштадот и сите зедно во еден глас ја пееја „Ништо не се споредува со тебе“.

Активистката Роуз и поранешната ирска пратеничка Рут Копингер ѝ оддадоа почит.

„Со исклучителен и уникатен глас што може да биде шепот и крик во еден стих, О’Конор ја воодушеви публиката“, рече Копингер.

„Уметноста и активизмот на Шинејд О’Конор се неразделни, тие се клучни една за друга. Нејзиниот уметнички интегритет и чувство за правда произлегоа од нејзиното лично искуство на неправда“, додаде таа.

Претходно во неделата, лауреатот на меѓународната книжевна награда во Даблин, Колм Тоибин, рече дека О’Конор пеела со чувство за мисија и како да зборувала против неправдата.

Говорејќи на „Би-Би-Си Радио 4“, се осврна и на уништувањето на сликата на папата која била во сопственост на мајка ѝ. Рече дека претставувал впечатлив момент кој покажал дека е подготвена да оди против струјата за да го истакне скандалот со злоупотреба на децата во католичката црква.

За потсетување, О’Конор,  почина во Лондон минатата недела на 56-годишна возраст. Меѓународната слава ја стекна во 1990 година. Со моќен глас и текстови, ирската пејачка беше позната по нејзините остри општествено политички ставови, вклучително и оние поврзани со скандалите на злоупотреба во Католичката црква и сексуализацијата на женските музичари.

Добитничката на Греми предизвикуваше контроверзии и се најде на насловните страници кога ја искина сликата на папата Јован Павле Втори во американското ТВ шоу Saturday Night Live во 1992 година, во знак на протест против Католичката црква, предизвикувајќи бурни реакции.

Scroll to Top