Страсен бакнеж на Џеј Ло и Бен Афлек на премиера во Лос Анџелес

Џенифер Лопез и Бен Афлек се појавија на црвениот тепих на премиерата на новиот акционен трилер „Мајка“, во кој пејачката има главна улога.

Премиерата се одржа во Лос Анџелес, а на црвениот тепих Бен и Џенифер страсно се бакнаа.

Холивудската дива носеше дводелен костим составен од макси здолниште со висок струк и ултрадолго палто над кроп-топ. Креацијата на Лопез модните критичари ја карактеризираа како обединување на суптилен гламур, одмерен сексапил и елеганција.

И здолништето и палтото во беж боја, украсени со светки, допираат до земја.

Во новиот филм, Џенифер го глуми насловниот лик – поранешна жена убиец која е присилена да го напушти животот што го создала за себе откако прекинала со опасната професија за да ја заштити својата отуѓена ќерка.

Scroll to Top