Серијата „Пријатели“ е снимена во десет сезони низ десет години, и беше причина за смеење и добро расположение на сите обожаватели од оваа легендарна комедија.
Сите имавме можност да ја следиме и со нетрпени ја чекавме новата епизода со фантастичните актери и необично смешните настани на овие јунаци.

Но, сцената од лезбиската венчавка беше забранета речиси во сите земји ширум светот. Тоа што особено беше интересно е што не беше прикажана во Американските држави Тексас и Охајо.
Станува збор за сцена која поранешната жена на Рос, Керол се венча со својата партнерка Сузан. Венчавката беше типично традиционална, а оваа сцена се сметаше за прилично шокантна и непримерна во перидоот на деведесетите години.