Свекорот на Мидлтон обвинет за силување на малолетничка!

Мултимилионерот Дејвид Метјуз (74), свекор на Пипа Мидлтон, обвинет е дека силувал малолетничка во периодот меѓу 1998 година и 1999 година.

Француските власти го товарат за два напада, еден во Париз, другиот на Сент Барт. Меѓутоа тој ги отфрлил сите обвинувања.

Француската полиција го уапсила во вторникот во Париз, на аеродромот Орли, но пуштен е од притвор после 48 часа, со кауција. Не е познато дали властите му го одзеле пасошот и дали може да се врати дома на Сент Барт, каде живее со сопругата Џејн (70).

Дејвид е татко на 41 годишниот Џејмс Метјуз, кој минатата година се ожени со Пипа, сестра на војвотката Кејт Мидлтон.

 

Scroll to Top