Светските ѕвезди застанаа во одбрана на Елен Деџенерес

Голем број од светските ѕвезди, како што се пејачката Кети Пери, глумицата Дајан Китон, Ештон Кучер и многу други, застанаа во одбрана на популарната водителка Елен Деџенерис.

Елен деновиве се соочува со тешки обвинувања од страна на своите вработени за мобинг. Многумина ја нападнаа дека отпуштала како од ракав за време на пандемијата на коронавирусот.

Претходно, таа ги омаловажвала и навредувала, а дури и нејзиниот продуцент беше обвинет дека сексуално ги уценувал некои од вработените колешки за да им заврши некаква услуга.

Многу од вработените ја нарекоа Елен злобна жена. Сепак, и покрај критиките и обвинувањата, многумина застанаа на нејзина страна. Меѓу другите, се јави и нејзината сопруга и глумица, Портија де Роси.

„Јас сум со Елен. До сите наши фанови, се гледаме. Ви благодарам за вашата поддршка“, напиша таа на социјалните мрежи.

Многумина од вработените ја обвинија Елен за расизам, булинг и општо токсичната атмосфера, која ја направила во самата телевизиска куќа. Телевизијата „Ворнер брос“ поведе интерна истрага со која ќе се утврди вистинитоста за обвинувањата на нејзина сметка.

 

 

Scroll to Top