Принцот Хари денеска вчера дојде во Високиот суд за да ги покаже доказите во случајот со хакирањето на неговиот телефон против „Мирор груп“, издавачот на весниците „Дејли Мирор“, „Сандеј Мирор“ и „Сандеј Пипл“.
Тој ги тужеше за хакирање на неговиот телефон и други незаконски активности што се случиле во периодот меѓу 1991 и 2001 година. Судењето започна минатата недела, а адвокатите на Хари оттогаш се обидуваат да докажат дека споменатите медиуми незаконски собирале информации.
Во својата изјава од 55 страници, објавена во целост во „Њујорк Тајмс“, Хари рече дека искрено чувствува дека во секоја врска што некогаш ја имал, без разлика дали е тоа со пријатели, девојки, семејството или војската, секогаш била вклучена и третата страна, таблоидниот печат.
За време на неговото сведочење, Хари се осврна на неговото раскинување со поранешната девојка Челси Дејви. Во писмена изјава објавена од „Њујорк тајмс“, војводата од Сасекс рече дека медиумскиот упад ставил огромно количество непотребен стрес и оптоварување на неговиот однос со Челси.
Со неа беше од 2004 до 2010 година. Исто така се присети на патувањето со Челси во Базаруто, за кое тврди дека новинарите и фотографите од МГН, како и други агенции, можеле да пристигнат и да го резервираат хотелот пред да стигнат таму“, пишува „Е Њуз“.
„Никогаш не бевме сами и не можевме да уживаме во друштвото поради љубопитните очи на таблоидите“, рече Хари.
Во својата писмена изјава рече дека неговата покојна мајка, принцезата Дијана, исто така верувала дека нејзините приватни пораки биле пресретнати со нелегални методи во месеците пред нејзината смрт во август 1997 година.
Според E News, „Мирор“ одговори на тврдењето дека пораките на Дијана биле хакирани и дека изјавите на Хари се шпекулации без основа на докази. Инаку Хари требаше да се појави на суд во понеделникот.
„Неговото патување и безбедносната ситуација е таква што му е малку комплицирано“, рекол Шерборн во судот, а судијата бил изненаден што принцот не дошол.
Адвокатот на издавачот на MGN, Ендрју Грин рече дека е изненаден од Хари опишувајќи го неговото денешно отсуство како апсолутно необично и го обвини принцот дека го губи времето на судот. Бакингемската палата не сакаше да го коментира судењето.