Принцот Хари со Меган Маркл и мајка ѝ Дориа беа вклучени во скоро катастрофална сообраќајна несреќа додека бегале од папараци. Ова го рече портпаролот на кралската двојка, кој објасни дека потерата траела повеќе од два часа и за малку ќе завршела со судир со повеќе возила, пешаци и полицајци.
„Иако да се биде јавна личност доаѓа со извесен интерес на јавноста, тоа никогаш не би требало да биде по цена на нечија безбедност“, рече портпаролот на двојката.
Хари и Меган присуствувале на доделувањето на наградите на фондацијата Жени со визија во Менхетн и биле придружувани од нејзината мајка Дорија Регленд.
Во бркотницата по Хари и Меган, според портпаролот на двојката, наводно учествувале повеќе од пет возила, при што имало и поминување на црвено светло, возење по тротоар како и опасни маневри.
Сепак такститот кој ги возеше рече дека немало никаква потера и дека медиумите и полицијата малку претерале во нивните соопштенија.
„Тие беа зад нас, но се држеа растојание. Њујорк е еден од најбезбедните градови, полицијата е на секој агол“, рече таксистот за „Би-Би-Си“, а Меган и Хари ги опиша како фини луѓе и рече дека изгледаа малку нервозни , но малку претерале кога изјавиле дека папараците биле агресивни.