Бритни Спирс зборуваше за тешките денови кои ги имала додека била под контрола на татко ѝ Џејми Спирс. Рече дека целиот план го смислил уште пред да биде хоспитализирана и дека цело време манипулирал со неа.
На фановите на „Јутјуб“ им откри дека со мајка ѝ Лин, Џејми Спирс смислил план како да превземат контрола врз нејзините финансии. Рече дека мајка ѝ му помогнала во реализиација на планот.
Лин ѝ одговори дека го сакале само најдоброто за неа и дека тешко ѝ паѓа тоа што ќерка ѝ повеќе не сака да зборува со неа. Не негира дека ги трошела нејзините пари, но, исто така рече дека никогаш не би ѝ го свртела грбот.
„Целиот живот се трудев да ги поддржам твоите желби. Дадов сѐ од себе за да ти помогнам кога беше во неволја. Никогаш не сум ѝ нема да ти го свртам грбот“, ѝ напиша Лин.
Бритни тврди дека Џејми смислил план како присилно да ја хоспитализираат, а објасни дека немала недозволени супстанци во крвта како што претходно се зборувало.
Со години сакала да ја открие вистината, но, се плашела. Се потсети и на болните моменти кои ги доживеала кога била на врвот во музичката кариера. Зборуваше и за периодот кога била затворена дома и кога ѝ било забрането да се гледа со пријателите.
Ден пред да биде присилно хоспитализирана, ја разбудиле три хеликоптери кои ги ангажирал татко ѝ. Четири часа подоцна, пред куќата имало 200 папараци кои ја снимале додека ја носат во амбулантна кола. Тврди дека тоа бил планот на татко ѝ за да превземе контрола врз неа.
„Целата работа беше наместена. Бев исплашена и ништо ми немаше смисла. Се сеќавам кога првпат ќе ми речеше дека тој е Бритни Спирс и дека тој одлучува за мене“, рече пејачката.
„Морав да го направам тоа што од мене ќе се побараше. Ми велеа дека сум дебела и дека секој ден морам да одам во вежбална. Ќе направеа сѐ за да се чувствувам како ништо. Ќе прифатев сѐ затоа што се плашев. Едноставно повеќе не ми беше грижа и не можев да одам таму каде што ќе сакав. Не можев да ги трошам моите пари. Тоа делуваше демотивирачки за мене. Немав никаква приватност. Не знам како само успеаа во тоа. Не знам што направив за да го заслужам тоа. Не ми беше дозволено да запалам ни цигара“, рече Бритни и додаде дела не ѝ ги давале ни клучевите од нејзиниот автомобил.
Бритни рече дека работела седум дена во неделата и дека постојано ја следеле.
„Немав ниту еден слободен викенд. Работното време ми беше од осум до шест, а понекогаш во девет вечерта ќе ми беше дозволено да гледам филм“, рече Бритни.
Била присилена да се соблекува пред другите, а потоа морала да оди во друга установа за ментално здравје, само затоа што се противела да игра на некој танц за време на пробите.
Кога ќе му се спротиставила на Џејми, тој ја замолкнувал говорејќи ѝ дека ќе изгуби ако оди на суд. Ѝ се заканувал дека има повеќе луѓе кои се на негова страна и дека има многу добри адвокати.