Таткото на Илон Маск има дете со својата 34-годишна ќерка, за милионерот – тој е најлошото човечко суштество

Еден од најбогатите луѓе во светот, Илон Маск, потекнува од Јужна Африка и најстарото дете во семејството од три деца. Неговата мајка Маја е канадска манекенка, а врвот на кариерата го достигна во шеесетите. Неговиот татко Ерол е инженер. Неговото детство не било идилично, врсниците го малтретирале на училиште. Дури завршил во болница откако некој од училиштето го турнал по скалите. Кога неговите родители се развеле во 1980 година, Маск некое време живеел со својот татко. Денес тој со неговиот татко нема никаков контакт.

Сега лидерот на „Тесла“ вели дека неговиот татко е „најлошото човечко суштество“. Неговиот татко, кој има 76 години, завршил во весникот во 2017 година, откако се дознало дека има дете со својата 34-годишна ќерка Јана Безуденхот, која ја познава од нејзината четврта година, а со нејзината мајка има две деца. Имено, посвоената ќерка на Ерол Маск, Јана имала четири години кога тој се оженил со нејзината мајка. Ерол за Daily Mail изјавил дека со неговата сопруга Хајде ретко комуницираат.

 

И покрај семејните проблеми, Илон е многу близок со неговиот брат Кимбал, кој сака да направи револуција во секторот за храна и угостителство, но и со неговата сестра Тоска, која со помош на својот најстар брат ја лансираше платформата за романтични филмови Passionflix.

Илон, Кимбал и Тоска имаат фантастичен однос со нивната мајка Маја, која дури се преселила во Калифорнија во 2013 година за да биде поблиску до нејзините деца и внуци. Маск доби канадско државјанство преку својата мајка и таму замина на колеџ, каде ја запозна и неговата прва сопруга Џастин Вилсон, која сè уште го користи презимето Маск. Тие се венчаа во 2000 година, а се разведоа во 2008 година, а Илон Маск почна да излегува со актерката Талула Рајли.

Рајли и Маск се венчаа во 2010 година, а по две години се разведоа. Но во 2013 година тие повторно се венчаа, а во 2016 година неговата сопруга Талула поднесе документи за развод.

Маск започна врска со Амбер Херд во 2016 година, но една година подоцна раскинаа, наводно поради распоредот на работните обврски што не можеле да го усогласат..

Во мај 2018 година, Маск пристигна на годишната Мет Гала заедно со Грајмс, канадската музичарка. Во јануари 2020 година, Грајмс објави фотографија на нејзиниот Инстаграм и Твитер профил дека е бремена и дека го очекува првото бебе со Маск. По што парот по тригодишна љубовна врска ја прекина.

Илон Маск по бурниот љубовен живот, тој сега е во брак со 23 годишната помлада од него Наташа Басет, австралиска филмска ѕвезда која се прослави со улогата на Бритни Спирс во „Britney Ever After“.

Scroll to Top