„Ginny and Georgia“ е една од новите серии во продукција на „Netflix“ оваа година, и иако досега не доби значително внимание од критичарите, серијата сепак успеа да привлече своја публика и обожаватели на познатава платформа за стриминг.
Имено, до пејачката Тејлор Свифт стигнала веста дека нејзиното име било искористено како „шега“ во серијата, а целата работа е во тоа што „шегата“ и не била најсмешна.
Имено во една сцена главните ликови разговараат за љубовниот живот, па Џорџија ја прашува Џини дали прекинала со нејзиното момче. На што, девојката одговара „Зошто се грижиш? Па ти ги менуваш мажите побрзо од Тејлор Свифт“.
„Еј „Ginny & Georgi, се јави 2010 година и си ја бара назад нејзината мрзлива и длабоко сексистичка шега. Што велите да престанеме да ги деградираме жените кои напорно работат дефинирајќи ги со ова како смешно. Исто така, „Netflix“, по „Miss Americana“ ова навистина не ви оди во прилог. Среќен месец на историјата на жените?“, се огласи Тејлор.
Многумина на социјалната мрежа „Твитер“ започнаа жестока дебата велејќи дека ваквиот тип шеги воопшто не се смешни и ги осудија сценаристите за ваквото омаловажување и „недоволна инспирација“.
Hey Ginny & Georgia, 2010 called and it wants its lazy, deeply sexist joke back. How about we stop degrading hard working women by defining this horse shit as FuNnY. Also, @netflix after Miss Americana this outfit doesn’t look cute on you 💔 Happy Women’s History Month I guess pic.twitter.com/2X0jEOXIWp
— Taylor Swift (@taylorswift13) March 1, 2021