Актерката Блејк Лајвли неодамна поднесе тужба против нејзиниот колега Џастин Балдони, обвинувајќи го за сексуално вознемирување. Набргу потоа, Балдони возврати со противтужба во која ја спомна и Тејлор Свифт, блиска пријателка на Лајвли.
Оваа ситуација наводно го разнишала нивното десетгодишно пријателство, а извори тврдат дека пејачката сега се оградила од актерката.
Според странските медиуми, Тејлор Свифт повеќе не комуницира со Блејк Лајвли, а врската меѓу нив дополнително се влошила. Свифт наводно ја одбила поканата за прославата на 50-годишнината од шоуто „SNL“ бидејќи меѓу присутните била и Лајвли.
„Тејлор не комуницира со Блејк. Таа беше поканета на “SNL50”, но Блејк беше таму, а и Ким Кардашијан беше таму – тоа е последното место каде што би ја виделе“, рекол извор за „Дејли мејл“.
Скандалот со Блејк Лајвли ја принуди Свифт да го преиспита нивниот однос и да размисли како би можела да ја заштити својата репутација. Изворот тврди дека пејачката сега внимателно избира кои од нејзините пријатели се навистина на нејзина страна, а кои би можеле да ја искористат ситуацијата за лична корист.
По нивното последно заедничко појавување, Лајвли и Свифт не се видени во јавноста веќе неколку месеци. Интересно е што Блејк оваа година не присуствуваше на Суперболот, што беше традиција кога заедно го гледаа натпреварот од ВИП-ложата. Далечината меѓу нив само дополнително ги потврди гласините за нивното прекинато пријателство.
Џастин Балдони минатиот месец поднесе тужба против Лајвли и нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс, тврдејќи дека актерката ја користела Тејлор Свифт за да го заплаши за време на состанокот на кој разговарале за промените во сценариото.
Балдони изјавил дека присуството на пејачката го натерало да се чувствува како да мора да ги следи упатствата на Лајвли, а исто така тврди дека актерката му се заканувала споредувајќи се со ликот Калеси од популарната серија „Игра на тронови“, нарекувајќи ги нејзиниот сопруг и пријателката „змејови“.