Тејлор Свифт урна 54 години стар рекорд на „Битлси“

Пејачката Тејлор Свифт го урна рекордот на „Битлси“ од пред 54 години, откако три нејзини албуми се најдоа на првото место на британската топ листа за помалку од една година.

Последниот албум на Свифт, Fearless, кој е нова верзија на нејзиниот втор албум снимен во кариерата, се најде на првото место во Велика Британија. Тоа ѝ успеа и со Folklore и со Еvermore, кои ги објави лани. Трите албуми се најдоа на првото место во последните 259 денови.

Во 1965/66, „Битлс“ беше на врвот на топ-листата со Help, Rubber Soul и Revolver, во рок од 364 дена.

Свифт сега има седум албуми кои беа први на британската топ листа. Таа објави дека повторно ќе ги сними своите први шест албуми, откако продуцентот Скутер Браун ги продаде правата за оригиналните албуми за 300 милиони долари.

Scroll to Top