Пејачката Тејлор Свифт има нов дечко, пишуваат светските медиуми. Само две недели по објавувањето на веста дека ја прекинала шестгодишната врска со актерот Џо Алвин, Свифт наводно излегува со колегата музичар од популарниот бенд „The 1975“.
„Свифт и Мети Хили наводно се лудо вљубени еден во друг – толку многу што се подготвени да излезат во јавност на претстојниот концерт на Тејлор Свифт во Нешвил“, изјавил извор за „Сан“ кој тврди дека е близок со пејачката.
„Њујорк пост“ побара коментар до двајцата музичари.
„Тие се заедно само некое време, но одлично им оди. Првиот пат кога се забавуваа тоа траеше многу кратко, пред речиси 10 години, но тајмингот едноставно не беше добар“, потврдил изворот.