Американските таблоиди открија дека Клое Кардашијан и Томпсон му дале име на синот. Инаку од раѓањето на синот, Кардашијан во јавноста не го откриваше името.
Детето го доби со поранешниот партнер, кошаркарот Тристан Томпсон пред десет месеци преку сурогат мајка. Клое никогаш на социјалните мрежи не објавува фотографии на кои се гледа лицето на нејзиниот син, ова практика таа не ја применила кога ја родила ќерката Тру.
Таблоидот The US Sun ексклузивно објави дека Кардашијан и Томпсон синот го нарекле Тејтум Роберт. Пред раѓањето на синот, Клое нагласила дека сакала името на детето да започнува со буквата „Т“ да одговара на името на нејзината петгодишна ќерка Тру.