Текстописец бара 20 милиони долари од Мараја Кери оти му го украла хитот All I Want For Christmas Is You

Текстописецот Енди Стоун ја тужи пејачката Мараја Кери и бара 20 милиони долари отштета поради авторски права за песната All I Want For Christmas Is You. Тој вели дека пејачката му го украла хиотот.

Песната беше издадена од Кери во 1994 година како дел од нејзиниот албум Merry Christmas и оттогаш се смета за еден од најголемите празнични хитови.

Во правните документи поднесени до Окружниот суд на САД во Луизијана, Стоун тврди дека тој бил коавтор на песната во 1989 година и никогаш не дал дозвола ни Мараја ни некој друг да го користи текстот.

Во документите се наведува дека Кери и нејзините соработници „свесно и намерно учествувале во кампањата“ кршејќи ги авторските права на Стоун за песната. Се додава дека обвинетите извршиле и „дела на неосновано богатење со неовластено присвојување на работата на тужителот“.

Scroll to Top