Пред 9 години почина музичката икона Витни Хјустон. Лани, конечно, беше објавен резултатот од обдукцијата, но сега одново се отвора истрагата за повторно да се истражат причините за смртта.
Телото на Витни ќе мора да биде ексхумирано затоа што постои сомневање за убиство од страна на нејзиниот тогашен партнер Ник Гордон.
„Ник Гордон имаше мотив, но и можност да ја убие. Сето ова е многу важно да се испита“, изјавиле инспекторите.
Иако нејзиното семејство беше обвиено во црно во последните неколку години поради неколку смртни случаи, остатокот од семејството верува дека вистината е блиску.
Во текстот уште еднаш се споменува дека Боби Кристина почина многу слично како и мајка ѝ. Двете жртви имале модринки, тие биле пронајдени во када со повеќе видови лекови во телото.
„Ник беше присутен кога Витни беше пронајдена во кадата“, истакнал анонимен извор за магазинот „Глоуб“.
Споменатата обдукција ја покажа застрашувачката здравствена состојба на пејачката во моментот на смртта.
Таа беше пронајдена мртва во кадата по предозирање со кокаин. Витни Хјустон почина на 11 февруари 2012 година на 48-годишна возраст.