Ти си како виното, стануваш подобар со годините, фановите му го честитаа 59. роденден на Бред Пит

Амриканскиот глумец Бред Пит вчера го прслави 59 роденден. Фановите му честитаа и му напишаа дека е како виното. Колку е постар, толку е поубав. Во неодамнешното интервју за „Вог“, зборуваше за староста и рече дека ја има прифатено и дека не сака да избега од неа.

„Тоа е концепт од кој не можеме да побегнеме и би сакал да видам како нашата култура малку повеќе го прифаќа“, рече глумецот.

Вилијан Бредли Пит е роден во Шанвеј во Оклахома на 18 декември 1963 година. Татко му Вилијам Алвин е сопственик на автопревозничка компанија, а Џејн Ета е советничка во школо. Првата прилика ја имаше во фимот „Легендите на есента“.

Глумеше и во светски познатите филмови како „Седум“, „Боречки Клуб“, „Единаесетмината на Оушн“ „Троја“ и во голем број други блокбастери.

Освен што глуми, има и продуцирано филмови, а и го има позајмено гласот за неколку цртани ликови.

Со бившата сопруга Анџелина Џоли глумеше во 2005 година во филмот „Господин и госпоѓа Смит“. Со Џенифер Анистон се ожени во 2000 година, но подоцна се разведоа. Во 2014 година се ожени со Џоли, а по две години поднесе барање за развод. Двајцата имаат три биолошки и три посвоени деца.

Покрај глумата, Пит е познат и по хуманитарната рабтоа. Заедно со Џорџ Клуни и Мет Дејмон се основачи на групата Not On Our Watch.

Низ минатото отворено зборуваше и за својата зависност од алкохолот, а во интервју за GQ зборуваше за тоа како се носи со неа. Откри и дека посетувал група со анонимни алкохоличари.

 

Scroll to Top