Тој е машка спонзоруша, Двејн Џонсон откри зошто не снима повеќе со Вин Дизел

Холивудските глумци Двејн Џонсон и Вин Дизел не соработуваат веќе повеќе од половина деценија, кога ги снимаа филмовите за „Брзи и бесни“.

Оттогаш двајцата одбиваат да глумат во ист филм, а Џонсон во интервју за „Ванити Феир“ откри зошто не се поднесуваат и како започнала целата работа. Тој призна дека проблемите почнале уште пред десетина години за време на снимањето на Fast Five од франшизата „Брзи и бесни“.

„Се работи за филозофија на животот. Морате секој ден да одите на работа и таму да ги гледате сите како рамноправни партнери. Сите од филмската екипа, без разлика на положбата, морате да ги гледате рамноправно, со почит и понизност. Да го почитувате процесот и секое човечко битие кое вложува исто толку време, напор, труд и капитал, ако не и повеќе во тој процес. Мислам дека отсекогаш ми било важно да стојам рамноправно со некого и да го гледам во очи“, објасни Џонсон и не криеше дека имал проблеми со однесувањето на Вин Дизел.

Џонсон објасни дека за разлика од него, Вин Дизел бил поинаку воспитан и израснат и дека тој за разлика од неговиот колега давал сè од себе во секој проект.

„Јас за разлика од него, не доаѓам од светот на филмовите. Моето појавување на јавната сцена беше поинакво. Поинаку сум и израснат. Јас сум дојден од сосема поинаква култура и опкружување и во секој проект влегувам со цел да дадам сè од себе. Ако почувствувам дека постојат некои работи кои треба да ги решам и да се погрижам за тоа, тогаш тоа и го правам. Многу е едноставно“, рече Џонсон.

Тој се осврна на изјавата на Дизел во интервјуто за Men’s Health летово, во која глумецот го коментираше исто така односот со Џонсон. Дизел признал дека имал проблеми со Џонсон додека работел како продуцент на филмот „Хобс и Шо“, во 2019 година и дека не го штедел само затоа што сакал да го добие од него најдобриот перформанс.

„Беше потребно многу труд и работа. Моравме да дојдеме до тоа, а понекогаш морав да бидам малку незгоден, за да го извлечам најдобриот перформанс од него“, рече Дизел.

Џонсон продолжи да го снима „Брзи и бесни: Хобс и Шо“, но, без Дизел како продуцент. Џонсон рече дека пред снимањето на филмот двајцата разговарале во неговата приколка и сватиле дека е невозможно да ги изладат односите. Од тогаш повеќе не снимаат заедно.

Џонсон рече дека ќе продолжел да го снима филмот, само ако го нема Дизел покрај него.

„Имавме состанок. Не би го нарекол тоа мирољубив состанок, туку состанок во кои ги објаснивме некои од работите. Разговаравме во мојата приколка и свативме дека се наоѓаме на два одвоени краеви од спектарот. И се согласивме да останеме таму“, рече Џонсон.

По нивниот последен заеднички филм, Двејн на „Инстаграм“ им се заблагодари на колегите, Шарлиз Терон, Џордана Брустер и Мишел Родригез и рече дека му олеснало што филмот завршил.

„Неверојатна вредна екипа. Луѓето од Universal Studios Entertainment исто така беа сјајни партнери. Моите колешки беа неверојатни, ги сакам сите. А моите колеги, епа тоа беше друга приказна. Некои се однесуваа чесно и беа со карактер, вистински професионалци, додека други не. Овие другите беа преголеми кукавици за да превземат било што кога работите не се како што треба. Машка спозноруша“, напиша тогаш Џонсон на „Фејсбук“.

Candy as*es беше неговиот заштитен знак, за време на боречката кариера. Со тој израз Џонсон ги навредуваше своите противници во рингот. Џонсон објасни што значи тој збор и зошто го употребил против Дизел.

„Тоа е нешто што не сакате да бидете. Тоа го открив кога сватив дека животот е толку лесен. Тоа е машка курва“, рече Џонсон во интервју за „Ванити Феир“.

Тој рече дека тешко му паднало дента кога го објавил тоа. Призна дека добил многу пораки од неговите колеги во кои му се заблагодариле за пофалбите, но и му признале дека не било во ред тоа што го напишал за Дизел.

„Можеби не требаше тоа да го напишам. На крајот тоа се коси со мојата ДНК. Не споделувам такви работи во јавност, туку самиот лично се погрижувам за нив. Јавноста тоа не мораше да го знае. Затоа ви велам дека тоа не беше мојот најдобар ден“, рече Џонсон.

Сепак, дополни дека не му било жал што го нарекол Вин Дизел машка курва*.

„Тоа што го мислам, тоа и го кажувам. Но, во овој случај не беше исправно тоа да го кажам во јавност“, заврши Џонсон.

 

 

 

Scroll to Top