„Toj има 44?!“ – Златан Ибрахимовиќ со видео од сауна ги изненади обожавателите

Златан Ибрахимовиќ повторно стана хит на интернет – овојпат со видео снимено во сауна, сред природа, со поглед што одзема здив. Поранешниот фудбалер се сними во долна облека додека ужива покрај оган, а снимката за само 24 часа собра над 140 илјади лајкови.

Фановите не штедеа комплименти: „Златану не му треба оган, тој е жива ватра“, „Изгледаш како да имаш 23 години“, „Викинг“, „Легенда!“. Мнозина забележаа и дека ја скратил косата.

Ибрахимовиќ неодамна наполни 44 години и, во свој стил, повторно си подари Ferrari – овојпат новиот F80. Очигледно, Златан и по кариерата останува вистински симбол на самодоверба и стил.

Scroll to Top