Том Џонс призна дека користи „вијагра“: „Добро е човек да има помош на 80 години“

Британскиот музичар Том Џонс неодамна во интервју призна дека користи „вијагра“. Тој вели дека на негови години е добро човек да има малку помош.

„Нема срам за тоа кога имаш 80 години“, откри велшкиот музичар, кој беше во брак со Линда Џонс  од 1957 до 2016 година кога таа почина.

По нејзината смрт, тој често беше во друштво на разни девојки, но никогаш за ниедна не потврди дека е во врска со неа. Во текот на кариерата, и покрај тоа што имаше стабилен брак, им беше миленик на жените, кои за време на настапите му фрлаат долна облека, а во една пригода жена му го фрли клучот од хотелската соба.

 

Scroll to Top