Том Хенкс ги загрижи фановите за време на посетата во Малибу. Сите го видоа ослабен, а некои веруваат дека има проблеми со здравјето. Хенкс беше сликан од папараците со сопругата.
Беше облечен во бела поло маица и кратки шорцеви, а носеше и капа на главата. Рита на себе носеше темносина маица и црн фустан.
За потсетување, во јуни Хенкс се појави во Сиднеј, Австралија, за време на светската премиера на новиот филм за Елвис Присли, каде не успеа да го сокрие проблемот со тресењето на рацете. И тогаш како и сега многумина веруваа дека се во прашање здравствени проблеми.
„Се чини дека нешто се случува со него. Ме загрижуваат толкавиот број изгубени килограми за кратко време“, му напишаа тие.