Холивудскиот глумец Том Хенкс и неговата сопруга Рита Вилсон, станаа грчки државјани. Двојката се сретна со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, кој на својот профил на „Инстаграм“ се пофали со заедничка фотографија.
Том и Рита во своите раце ги покажаа своите нови грчки пасоши. Средбата се случи на островот Парос. Рита има грчки корени и заедно со сопругот веќе подолго време имаат куќа на грчкиот остров Антипарос.