Том Хенкс упадна на лезбиска венчавка

Оскаровецот Том Хенкс упадна на лезбиска свадба во Санта Моника и ги изненади жените што се венчаваа и нивните гости.

Во текот на викендот, Хенкс престојувал во Санта Моника и од безбедна дистанца ја гледал свадбената церемонија која се одвивала на плажата пред него. Воодушевен од она што го видел, Хенкс одлучил непоканет да дојде на венчавката, откако Таниша Фариси нејзината партнерка Дициембре, ги размениле брачните завети.

Тие се сликале со актерот, а откако сликите се појавија на нивните инстаграм-профили, беа поканети да гостуваат во емисијата Today Ѕhow, каде што раскажале што се случило.

„Бевме шокирани кога го видовме Хенкс. Некое време се обидувавме да сфатиме што всушност се случи. Но, неговото пристигнување беше шеќер на крајот од нашиот посебен ден“, изјавила Дицембере.

Не е првпат холивудската ѕвезда непоканета да упаѓа на некоја венчавка. Тој во 2016 година во Централ парк во Њујорк дошол непланирано на свадба на непознат пар.

Scroll to Top