Том Хиделстон и неговата свршеница за првпат станаа родители

Глумецот Том Хиделстон и неговата свршеница Зава Ештон за првпат станаа родители. Убавата вест ја потври извор близок до нив за US Weekly.

„Том и Зава обожаваат да бидат родители и исполнети се со радост. Иако им е сега на почетокот тешко и не спијат многу, сепак се воодушевени“, рече тој.

За потсетување, двојката на крајот на јуни откри дека го чекаат првото дете. Двајцата се во врска од 2019 година. Често се снимени заедно, но сакаат врската да ја држат подалеку од јавноста, па ретко објавуваат заеднички фотографии.

Шпекулациите за свршувачка започнаа уште во март кога Зава се појави на настан со дијамант на раката, но Хидлстон ја потврди дури во средината на јуни.

Scroll to Top