Том Круз бил во врска со Шер

By

Холивудскиот глумец Том Круз бил во врска со легендарната пејачка Шер, открива National Enquirer. Според пишувањата на медиумите, Круз се плаши дека Шер ќе објави детали и нема да го прикаже во најдобро светло од нивната љубовна авантура, во нејзините нови мемоари.

Извор близок до глумецот, го нарекол Том „контрол фрик“, кој е опседнат со својот имиџ во јавноста и кој поради тоа постојано го фаќа паника. Тој не можел да ја наговори 74. годишната пејачка да го изостави и да не ја спомнува нивната романса во мемоарите.

Според некои извори, тој ѝ се јавил да ја разубеди во тоа.

„Шер не сакаше да му открие што сè ќе напише во мемоарите и не сакаше да му вети дека нема да го спомене него. Том се плаши дека ќе биде посрамотен, иако Шер има само убави работи да напише за него“, открива изворот.

Тој вели дека Круз сака да остане нивната романса закопана поради некои експлозивни тајни и интимни детали. 41-годишниот глумец се забавуваше со Шер во осумдесеттите години кога се запознаа во Белата куќа. Медиумите тогаш пишуваа дека двајцата веднаш почувствувале физичка привлечност. По краток временски период, Шер ја прекина врската, Том ѝ се налутил затоа што не му кажала зошто го оставила.

 

Ќе ви се допадне