Холивудскот актер Том Круз се заљубил во неговата 13 години помлада колешка од Велика Британија Кејт Винслет, пишува New Idea. Како што пишува таблоидот, двајцата се гледаат веќе некое време, но тајно затоа што Кејт е во брак со 42-годишниот бизнисмен Нед Рокенрол.
На неодамнешното снимање на една сцена за филмот „Аватар 2“, Кејт успеала да го сруши рекордот на Том во држење на здивот под вода. Тоа го воодушевило Том, кој го побарал нејзиниот број од неговиот пријател и колега Леонардо dи Каприо.
„Том е многу шармантен и убедлив и кога нешто ќе си зацрта во главата, тој не се откажува додека истото не го реализира. А сега ја сака Кејт. И знае како да ѝ се додвори. Том ` предложи на Кејт и заедно да снимаат и филм“, открива извор близок до актерот.
View this post on Instagram
За потсетување, Кејт Винслет од 2012 година е во брак со 42-годишниот бизнисмен Нед Рокенрол. Со него има и седумгодишен син. За Кејт тоа е трет брак.
View this post on Instagram
Претходно беше во брак со режисерот Џим Треплетон, со кого има 20 годишна ќерка, додека од вториот брак со режисерот Сем Мендес, има 16 годишен син.
View this post on Instagram
Медиумите во последен период шпекулираат дека нејзиниот брак со Нед е нарушен.
„Сѐ повеќе се зборува дека Кејт и Нед имаат брачни проблеми и сѐ помалку се појавуваат заедно во јавност. Затоа ова обновено пријателство со Том за многумина е многу сомнително. Ако некој може да ја поднесе егоцентричноста на Том, тоа е Кејт“, вели изворот.