Таткото на Меган Маркл, Томас Маркл, ѝ се нафрли на Опра Винфри во врска со интервјуто со неговата ќерка и нејзиниот сопруг, принцот Хари, кое беше реализирано во март.
Тој веќе со години не разговара со Меган,а сега ја обвинува Винфри дека го искористила парот во корист на својата сопствена кариера и за експлоатација на Хари, додека тој, како што рече, се наоѓа во изнемоштена состојба.
„Мислам дека ги користи за да ги изгради своите нови емисии. Сметам дека таа го искористи доста ослабениот човек и го тера да кажува работи што едноставно не требаше да ги каже на телевизија”, изјави тој за 60 Minutes Australia.
“I think Oprah Winfrey is playing Harry and Megan.” Thomas Markle believes Oprah is taking advantage of ‘weakened man’ Harry. pic.twitter.com/dHdpnFH6l8
— 60 Minutes Australia (@60Mins) June 13, 2021
Томас рече дека би сакал да поразговара со својата ќерка, што во еден момент за време на интервјуто почна да ја моли Меган за прошка.
„Ќе бидам многу разочаран ако не добијам прилика да ја држам во прегратки мојата внука“, вели тој тој.
Томас не го запозна ниту својот внук Арчи, а кралскиот биограф Роберт Џобсон вели дека не би можело да се очекува дека било кој од нив ќе го запознае во блиска иднина.
Во интервјуто изрази загриженост за тоа што завршил, како што тврди, прекрасниот однос кој го имал со Меган.
„Згрешив и ѝ се извинив стотина пати за тоа. Сепак, би сфатил ако сум направил нешто навистина грозно, но не направив“, додава тој.
Односот на Меган и Томас се залади откако тој призна дека на медиумите им продал фотографии пред нејзината венчавка со Хари, во 2018-та година.
„Тоа беше пред две години, но се обидов да се искупам за тоа. Сега сум оддалечен само 100 километри. Никогаш не престанав да ја сакам. Не се согласувам со сите работи кои ги прават моите деца, но секогаш ќе ги сакам. И сигурно ја сакам Меган“, заклучува тој.