Поп-ѕвездата Цеца Ражнатовиќ неодамна беше подложена на сложена операција која траела цели осум часа. Иако се огласи по зафатот и нагласи дека се чувствува добро, не сакаше да открие детали околу самата интервенција.
Според информациите, пејачката подолго време имала проблем со кила на стомакот, а претходно зборуваше и за болки во кичмата поврзани со силиконските импланти во градите. Најверојатно поради тоа дошло до потреба за хируршка интервенција.
Зафатот беше внимателно чувана тајна, а јавноста дозна за него преку емисијата „Ceca Show“, каде што беа прикажани делови од процесот.
Цеца цело време имаше медицински стегач преку градите – што вообичаено се користи по операции со импланти – па затоа се шпекулира дека можела да направи и корекција на градите.
Најголемата поддршка ѝ била сестра ѝ Лидија Оцоколиќ, која не се одвојувала од неа и заедно со пејачката отпатувала во Истанбул, каде што беше извршена интервенцијата.