Посвоената ќерка на режисерот Стивен Спилберг, Микаела е уапсена за семејно насилство. Таа била приведена во Нешвил, Тенеси, пренесува „РадарОнлајн“. Според полицискиот извештај од канцеларијата на шерифот на округот Дејвидсон, 23 годишната Микаела во саботата по полноќ го нападнала својот свршеник Чак Панкоу.
Полицијата засега не излегла со детали, освен тоа дека Микаела брзо потоа била сместена во притворскиот центар „Хил“.
Микаела неодамна ја изненади јавноста објавувајќи дека сака да стане порно sвезда. Таа веќе има снимено неколку видеа, соло порноклипови кои ги објавила на „ПорнХаб“. Подоцна ги отстрани затоа што чека лиценца. За нејзината порнокариера го избрала името Шугар стар.
Таа подоцна изјави дека нејзиниот татко Стивен Спилберг бил засрамен од нејзината одлука да влезе во овој бизнис.