Уште една соработничка на Меган си дала отказ поради мобинг

Уште една помошничка на Меган Маркл си дала отказ poради мобинг, пишуваат британските медиуми. Меган откако влезе во кралското семејство, често беше cel на критики дека врши мобинг врз вработените, а досега 13 нејзини помошници биле или отпуштени или си дале отказ.

Во изминатите неколку години во повеќе наврати се пишуваше за нејзиниот лошиот однос кон вработените. Најновите обвинувања дојдоа на почетокот на месецот, пред почетокот на бомбастичното интервју на Меган и Хари кај Опра.

Таа е обвинета за мобингот што го правела врз нејзината долгогодишна аистентка Кетрин Лорент. Од кралската палата дури покренаа и службена истрага за да ја откријат вистината за тоа што го зборуваат поранешните вработени на Меган.

Како што пишува британски „Сан“, Кетрин по година дена работа во „Сасекс“, одлучила да даде отказ. Таа пристигнала кај Меган во април минатата година. Според извор близок до Меган, Кетрин станала фрустрирана додека работела за Меган во „Сасекс“.

Иако засега никој се нема огласено по повод новиот отказ, истиот во медиумите привлече големо внимание, поради моментот во кој тој се случил, односно кога сите ја обвинуваат Меган како им вршела притисок и мобинг на вработените и како тие биле понижувани поради наводно нејзините тешки барања.

Според пишувањата во одредени медиуми, веќе бројката на лица кои престанале да работат за „Сасекс“ достигнала до 13 од моментот кога Меган се венчала за Хари.

 

Scroll to Top