Венчаницата на Меган Маркл ќе биде изложена во замокот Виндзор

Венчаницата на Меган Маркл што ја носеше за време на венчавката со принцот Хари во октомври ќе биде изложена во дворецот Виндзор.

Поранешната американска актерка на кралската венчавка во мај годинава се појави во едноставен свилен фустан, украсен со дијаманти, кои Меган Маркл ги добила од кралицата Елизабета Втора.

Тој беше дизајниран од директорката на модната куќа „Живанши“, Клер Вајт Келер. Изложбата во замокот Виндзор ќе биде отворена на 26 октомври и ќе трае до јануари в година.

Посетителите ќе имаат можност да ја видат и униформата на припадниците на коњицата на англиската војска, во која беше облечен младоженецот, принцот Хари.

Scroll to Top