По пауза од пет години, британската пејачка Адел објави нова песна – Easy Оn Мe. Таа ѝ се врати на музичката сцена со песна во која пее за својот развод. Станува збор за балада, која за 10 часа има 19 милиони прегледи. Песната ќе биде дел и од нејзиниот нов албум.
Таа го сними албумот по големи промени и турбуленции во животот и го нарече „30“, според возраста на која што се омажи и раздели од сопругот Сајмон Конецки во 2018.
Досега сите албуми на Адел ги означуваа годините од нејзиниот живот. Претходниот, односно „25“, беше објавен во 2015 година. Нејзиниот нов албум ќе биде објавен на 19 октомври.