(Видео) Адвокатите на Диди: На забавите сите се согласуваа на се

Адвокатскиот тим за Шон Комбс, попознат како Диди, тврди дека сите негови озлогласени сексуални забави се одвивале со заедничка согласност на сите инволвирани, а некои истакнати адвокати веруваат дека стратегијата може да има тежина на суд.

Во новиот клип од документарниот филм на ТМЗ, The Downfall of Diddy: His Defense, неколку адвокати ја коментираа правната тактика на неговата одбрана. Меѓу нив е Џо Такопина кој го поддржува тимот на Диди.

„Главната правна битка овде ќе биде прашањето за согласност“, вели Такопина на снимката. „Искрено, звучи како луѓето во тоа време да се согласиле на се. Не е трговија со луѓе ако сите сакаат да бидат таму. Кога помислувате на трговија со луѓе, замислувате луѓе кои се продаваат за секс… А тоа нема да го најдете овде“.

Такопина исто така истакна дека, според информациите што ги има, одбраната на Диди има бројни писмени комуникации кои, како што тврди, ја докажуваат согласноста на сите инволвирани и негираат каква било принуда.

„Ќе биде тешко да се каже некому: ‘Да, го напишав тоа, но едноставно се исплашив и реков дека ми е мило што доаѓам… но не ми беше баш мило’. Ова не е случај кој е толку цврсто одреден како што мислат многу луѓе“, заклучи тој.

Како што се наближува датумот на судење – 5 мај 2025 година – Диди се соочува со уште повеќе обвиненија. Последната тужба доаѓа од неименуван маж, кој тврди дека Шон Комбс сексуално го нападнал на снимањето на реклама во 2022 или 2023 година.

Диди моментално е во притвор, каде ќе остане до почетокот на неговото судење во мај.

Scroll to Top