(Видео) Актер за снимањето на 18+ сцените со Натали Портман: Беше досадно

Актерот Чарлс Мелтон изјави за Variety дека процесот на подготовка за снимање на интимната сцена со Натали Портман во романтичната драма на Нетфликс, бил „иритирачки“.

Драмата на Нетфликс беше номинирана за Оскар за најдобро оригинално сценарио минатата година и го следи ликот Елизабет Бери (Натали Портман), која ги посетува Грејси Атертон-Ју (Џулијан Мур) и нејзиниот сопруг Џо Ју (Чарлс Мелтон) за да се подготви за нејзината претстојна улога во која ќе игра Грејси.

Грејси и Џо биле главна тема на таблоидите пред 20 години бидејќи Грејси започнала врска со Џо кога тој бил малолетник.

Филмот е инспириран од вистинската приказна за американската учителка Мери Кеј Летурно, која сексуално го злоставувала својот 12-годишен ученик Вили Фуалау. Поранешната учителка се изјасни за виновна, а Летурно и Фуалау се венчаа во 2005 година, откако беше ослободена.

Во филмот Џо ја изневерува Грејси со Елизабет, а Мелтон рече дека снимањето на интимната сцена со Портман било досадно.

„Натали, режисерот Тод Хејнс и јас се сретнавме за да разговараме за сцената и да се увериме дека на сите им е удобно. Имаше неколку разговори за протетика, за тоа што е реално, а што не. И морав да ја носам таа протеза девет часа тој ден“, откри актерот.

„Ништо не пиев ниту тоа утро ниту претходната вечер. Тоа беше мачен процес, но сепак полн со почит“, додаде тој.

Scroll to Top