Ева Лонгорија на Инстаграм објави видео на кое се расплака додека зборуваше за пожарите кои веќе една недела беснеат во Лос Анџелес. Актерката откри дека го евакуирала својот дом и дека ќе донира за погодените од пожарот.
„Тоа беше луда недела. Ужасно за многу луѓе. Толку многу од моите пријатели ги загубија своите домови. Не се работи за предмети, туку за спомени. Овие луѓе навистина напорно работеа за своите домови. Во суштина, решивме да се евакуираме затоа што добивме предупредување, а тогаш нашиот аларм продолжи да ѕвони“, рече видно потресената актерка, додавајќи дека сега е во својот втор дом и дека угостила многу пријатели кои исто така морале да се евакуираат.
„Познавам многу луѓе кои немаа толку среќа. Дониравме облека. Буквално го испразнивме плакарот и однесовме облека до сите места што прифаќаат донации“, рече таа. Актерката изјави дека парите ќе ги донира на фондацијата This Is About Humanity.