(Видео) Албанската претставничка среде Евросонг провоцираше со политика

Албанската евровизиска претставничка Фамиља Кељменди го привлече вниманието на јавноста откако земјата се пласираше во финалето на Евровизија, кое се одржува во Ливерпул. Фамиља и Аљбина Кељменди, кои ја претставуваат Албанија, на прес-конференцијата одговараа на прашања на новинарите.

Тие две се родени во Пеќ и изјави дека сега најверојатно е лудница во нејзиниот роден град, а потоа ја спомна и „Голема Албанија“.

„Ние сме иста крв, од иста националност, Косово и Албанија се како брат и сестра, а ние имаме мајка голема Албанија“, рече Кељменди.

За потсетување, финалето на Евровизија ќе се одржи во сабота.

Комплетната листа на финалисти ја сочинуваат: Србија, Хрватска, Молдавија, Швајцарија, Финска, Чешка, Израел, Португалија, Шведска, Норвешка, Албанија, Кипар, Естонија, Белгија, Австрија, Литванија, Полска, Австралија, Ерменија, Словенија.

Меѓу финалистите се земјите кои директно се пласираа во финалето, а тоа се Шпанија, Велика Британија, Франција, Италија и Германија, како и минатогодишниот победник Украина.

Scroll to Top