(Видео) Алек Болдвин со чадор нападна новинар среде улица

Холивудскиот актер Алек Болдвин изминатиов период е во фокусот на јавноста, откако за време на снимањето на филмот “Rust” со филмски пиштол ја уби директорката на фотографија Халин Хачинс и и го рани режисерот Соуза.

Тој бил снимен пред куќата на режисерот Вуди Ален во Њујорк, каде дошол во судир со новинарот Џон Левин, по што го нападнал со чадор. Но за среќа, инцидентот завршил без физички последици.

„Господине Болдвин, што ве носи во Њујорк?“, прашал новинарот.

Бидејќи актерот се изнервирал со ова прашање, тргнал кон новинарот држејќи чадор во рацете.

„Не смеете да фотографирате пред приватна куќа“, извикал актерот.

Новинарот Левин му возвратил дека тоа е јавна сопственост.

: „Оди си, престани“, му повторувала сопругата на Болдвин, Хилари.

„Дали навистина не го повлече чкрапалото? Дали верувате дека пиштолот пукал без да го повлечете чкрапалото? Дали беше дефект“, продолжи новинарот.

По ова, вознемирениот актер тргнал да се пресмета со новинарот.

Полциијата ги истражува деталите за овој необичен инцидент.

Scroll to Top