(Видео) Американскиот рапер Узи потрошил 425 илјади долари за златен синџир

Американскиот рапер Лил Узи Верт го привлекол вниманието на социјалните мрежи откако објавил видео во кое може да се забележи како носи златен синџир на вратот кој чинел 425.000 долари.

Со парите, како што пишуваат во коментарите неговите фанови, можел да су купи убава куќа со базен.

Во прашање е синџир за кој раперот потрошил цело богатство, околу половина милион долари. Станува збор за синџир со дијамант од 150 карати и 14-каратно злато.

Раперот заедно со златарите работел два месеца, а крајниот резултат бил и повеќе од задоволителен.

 

 

Scroll to Top