Уредничката на американскиот магазин „Вог“, Ана Винтур, присуствуваше на Модната недела во Њујорк како и Ким Кардашјан и Сара Џесика Паркер.
На социјалните мрежи се појави видео од непријатна ситуација, од кое се гледа како Винтур во еден момент се поздравува со Сара, а Ким чека да се поздрави со неа. Видеото од средбата е објавено на „Тик-ток“, а корисниците на мрежата коментираат како челичната дама Ана Винтур само ја заобиколила Ким и се поздравила со актерката Сара.
„И баш така… Ким Кардашјан сфати до кого стои“, напиша еден корисник. „Ким е никој и ништо покрај иконата С. Ј. П.“, напиша друг корисник. „Се смеам како будала на тоа како Ана Винтур ја игнорира Ким Кардашјан. Можев да го гледам ова одново и одново”, додал трет.
@madamefigarofr #KimKardashian et #SarahJessicaParker côte à côte au premier rang du défilé @Fendi… saluées par #AnnaWintour à la fin du show ! #fendi #tiktokfashion #newyork #fashiontiktok #newyorkfashionweek ♬ son original – madamefigarofr