Оскаровката Анџелина Џоли, која е пратеник на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации, пристигна во Украина за да ги посети бегалците во градот Лавов. Видео од нејзината посета објави „Дејли меил’, а се гледа како додека Анџелина се движи низ градот со придружба, се вклучува сирената за воздушен напад. Глумицата е итно пренесена на безбедно, поради страв од можен ракетен напад.
[/video]Дека е Анџелина во Лавов, јавноста дозна преку социјалните мрежи, кога на Фејсбук се појави видео од славната актерка во кафуле.
„Ништо посебно. Само Лавов. Отидов само да испијам кафе. Само Анџелина Џоли“, напиша Украинката Маја Пидородецка која го објави видеото.
[/video]
Анџелина не е првата оскаровка што ја посети Украина од почетокот на конфликтот. Претходно во земјата беше и Шон Пен кој снимаше документарен филм за бегалците и конфликтот меѓу Украина и Русија, а се сретна и со украинскиот претседател Володомир Зеленски.
Лавов беше нападнат од руската армија во последните недели и на почетокот на овој месец, кога во ракетниот напад врз градот загинаа најмалку седум лица.