Поранешниот англиски фудбалер, Дејвид Бекам, чекал 12 часа во редицата со други луѓе за да ѝ оддаде почит на кралицата Елизабета Втора. Ковчегот со нејзиното тело денес стигна во Вестминстерската палата, а луѓе од целата земја стигнаа за да се поздрават за последен пат.
Меѓу нив бил виден и Дејвид Бекам. Многумина фанови го поздравија и коментираа дека се воодушевени од неговото однесување. Некои од нив што го виделе сведочат дека купил крофни и за себе, но и за луѓето што биле околу него.
Бекам наводно дошол пред палатата во два часот по полноќ пред да застане во редот, пренесе „Дејли мејл“.