На социјалните мрежи се прошири видео на кое се гледаат Брижит Макрон, сопругата на францускиот претседател и кралицата Камила. Видеото е создадено на 6 јуни кога Камила се појави на обележувањето на Денот Д во Нормандија, Франција, во друштво на сопругата на Емануел Макрон.
Once again, the British media is clutching onto outdated royal protocol to shield Queen Camilla from scrutiny. The statement from the BM reads: "In an awkward moment, Brigitte Macron broke royal protocol by attempting to hold Queen Camilla's hand at the D-Day ceremony.” But let's… pic.twitter.com/XPAgfJmzHV
— annieh🏀🏉🇱🇷📇🐏📍🤹🏽🥣 (@bbjofr) June 7, 2024
Додека тие положуваа венци на спомениците, Брижит и подаде рака на кралицата, но таа – целосно ја игнорираше. Камила не сакаше да и подаде рака и ја држеше нејзината блиску до телото, а Брижит потоа ги прекрсти рацете и ги стави пред себе. Потоа двете стоеја во тишина пред да се вратат кај своите сопрузи.