(Видео) Брук Шилдс ја скрши ногата и повторно учи да оди

Холивудската актерка Брук Шилдс (55) објави видео од болница на кое се обидува да оди со помош на патерици. Таа на своите следбеници на „Инстаграм“ им откри дека ја скршила ногата и имала операција.

„Повторно учам да одам. Ногата почнува да заздравува. Без оглед кој е вашиот предизвик, направете позитивен избор за себе, да продолжите напред“, напиша таа.

На снимката се слуша физиотерапевт кои ѝ објаснува дека прво одат патериците, потоа повредената нога, па здравата нога.

Инаку, Брук Шилдс се прослави како детски модел и со улогата во филмот „Сината лафгуна“, а потоа имаше повеќе улоги во телевизиски серии.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Brooke Shields (@brookeshields)

Scroll to Top