Актерот Брус Вилис уживаше со сопругата Ема Хеминг Вилис и децата во Дизниленд во Анахајм, Калифорнија. Ема покажа колку се забавуваа во кратко видео кое го објави на интернет.
Тие се возеа на атракцијата на планината Splash, а Брус Вилис седеше со ќерка му.
„Подобро внимавај. Мислам дека ќе одиме уште еднаш“, ја предупреди Вилис.
За потсетување Ема и Вилис имаат две ќерки, деветгодишната Мејбел Реј и единаесетгодишната Евелин Пен. Со првата сопруга, актерката Деми Мур, има три ќерки, Румер (34), Талула (29) и Скаут (31).
View this post on Instagram
Брус минатата година откри дека боледува од афазија, тешко пореметување кое влијае на говорот. Откако стана позната неговата дијагноза, актерот ретко се појавуваше во јавноста. Се откажа од глумата и времето оттогаш го минува со семејството.
Состојбата му се влоши, па семејството, вклучувајќи ја и поранешната сопруга Деми Мур, секојдневно му помага.