(Видео) Чак Норис му се закани на Лукашенко

Познатиот американски глумец Чак Норис преку видео обраќање, му се закани на белорускиот претседател Александар Лукашенко. Лукашенко е популарен во моментов во светската јавност, поради неодамнешните избори кои се случија во земјата.

Избори за кои тамошната јавност и опозиција сметаат дека се наместени, поради што избија голем број на нереди. Поради ваквата ситуација се јави и Норис кој му порача на Лукашенко да не го нервира затоа што може да дојде кај него и да го натера да плаче.

„Би сакал да му порачам неколку зборови на Саша, познат и како „Саша нула проценти“ или „Мистер бубашваба“. Знаеш добро дека кога го сечам лукот, јас не плачам, туку тој. Така што, ако не престанеш да го правиш тоа што го правиш, ќе дојдам во една од твоите резиденции и ќе те натерам да плачеш“, изјавил Норис.

Чак Норис снимката ја објавил преку сервисот „Камео“. За потсетување во немирите кои настанаа во Белорусија, досега едно лице загина, додека поголем број се повредени.

Scroll to Top