Американската глумица и манекенка АнаЛин Меккорд објави видео во кое му се обрати на рускиот претседател Владимир Путин и му порача дека кога таа би му била мајка, работите би се случувале многу поразлично од сега. Ѕвездата од „Беверли Хилс“ ја осуди војната во Украина и нападот и инвазијата направена од Русија.
„Драги претседателе Владимир Путин. Толку ми е жал што не сум ти мајка. Ако бев, ќе беше многу сакан и ќе те држев во прегратка. Никогаш немаше да дојде до овие немили настани кои ни се случуваат пред очи. Ова е пропаст на една нација која мирно седи под ноќното небо. Да ти бев мајка, светот ќе беше многу потопол“, рече Меккорд.
Глумицата објасни дека не може да ја замисли болката која рускиот политичар морал да ја почувствува како дете за да поверува дека живее во зол, крут и неправеден свет.
„Да ти бев мајка и кога гледам дека светот е вака студен, би умрела за да те прегрнам. Би умрела ѝ би го дала животот“, рече Меккорд и додаде дека не може да поверува дека била родена предоцна за да му биде мајка.
„Знам дека ако ти бев мајка, тоа ќе беше почеток кон свесноста за тоа какво моќно светло битие можеш да бидеш само ако во твојот ум го немало тоа насилство што си го гледал кога си бил дете. Не ми се верува дека се родив предоцна и на друго место“, рече Меккорд
Dear Mister President Vladimir Putin… pic.twitter.com/LbDFBHVWJf
— AnnaLynne McCord (@IAMannalynnemcc) February 24, 2022