Дејвид Бекам откри дека ни тој самиот не знае како со Викторија успеале да останат заедно цели 27 години по се што поминале, пишува Дејли Мејл.
Двојката ќе ја прослави својата голема годишнина во јули, а поранешниот фудбалер откри дека подготовките се веќе во тек.
„И двајцата сме емотивни поради ова. Конечно го гледавме документарецот и се прашувавме како поминавме низ сето ова 27 години. Но, го направивме тоа и имавме одлично семејство, одлична работа и среќни сме“, рече Дејвид.
„И да, секако, кога си со некого толку долго, секако дека имаш подеми и падови, тоа сите го знаат. Но на крајот на денот бевме среќни затоа што се имавме во тие моменти!“, додаде тој.
Кога се запознале, имале 21 и 22 години, а се венчале две години подоцна и го добиле првиот син Бруклин.
„Неговото раѓање му даде нова димензија на семејството и нашите обврски потоа му беа посветени на него“, рече тој и додаде дека е среќен што ја запознал Викторија на толку рана возраст, бидејќи отсекогаш сакал да биде млад татко.
„Среќен сум и се чувствувам благословен што имав толку успешна кариера. И единственото нешто што лично сакав беше да имам деца на млада возраст, за да можат да ја живеат мојата кариера со мене. Имав среќа што ја запознав Викторија тогаш и дека сите три мои момчиња беа покрај мене во периодот кога играв за најголемите клубови“, изјави поранешниот фудбалер.