(Видео) Деми Мур: На жените често им се кажува дека гневот не е привлечен

Деми Мур и Ејми Адамс искрено зборуваа за општествените притисоци околу изразувањето на гнев. И двете актерки го истражуваат гневот во нивните нови филмови The Substance и Nightbitch, и се сретнаа да разговараат за тие теми за серијалот Actors on Actors на Variety.

„Ми се допаѓа како двата наши филма исто така вклучуваат елементи на надреализам и мистицизам, како и оние аспекти на гнев“, рече Адамс (50), на што Мур (62) одговори: „Постои чувство дека не е во ред да се лутиш ако си жена. Не дека некој конкретно ни кажува дека не треба да се лутиме, но постои став во колективната свест дека тоа не е привлечно“.

Адамс и Мур се мајки. Адамс сподели како морала да работи за да го промени начинот на кој ја пофалува својата ќерка. „Навистина се обидував да кажам: О, Боже, ти си толку добра…, но се запрев и си помислив: Не, не кажувај го тоа. Наместо тоа кажи: Ти си добра личност и јас навистина сум горда на тебе“, рече Адамас. На што Мур додаде: „Наместо да каже: Ти си добро девојче“.

Scroll to Top